Наградна игра „РадиоМК Инфо наградува, секој да се израдува“

Почитувани,

Секој учесник во наградната игра за да учествува ќе мора да биде регистриран за да учествува со зададените активности од страна на Радио Мк Инфо во текот на целиот месец (јули 2022) и на тој начин да собере минимално лични 1000 бонус поени (БП) на неговата корисничка сметка со кои автоматски влегува во кругот на извлекување на наградите.

Наградната игра располага вкупно 9 награди, и тоа:

- Вредносен Купон од SHOUTcast.mk со вредност од 9000 ден; (1)
- Вредносен Купон од SHOUTcast.mk со вредност од 6000 ден; (2)
- Вредносен Купон од SHOUTcast.mk со вредност од 3000 ден; (2)
- Брендиран Ранец РадиоМк Инфо; (1)
- Брендиран Термос 500ml РадиоМк Инфо; (1)
- Брендирана Чаша за нескафе РадиоМк Инфо; (1)
- Брендирана Чаша за чај РадиоМк Инфо. (1)

  • - За времетраење на програмата, наградите може да бидат заменети со други награди.
  • - Доставата на наградите се врши преку брза пошта, на адреса за испорака која е наведена при регистрација.
  • - Потребно е секој учесник да достави валидна адреса за достава на наградата при регистрација. Доколку за времетраење на програмата, адресата биде променета, учесникот е должен да не извести за нова адреса за достава на наградите.
  • - Брзата пошта е должна да изврши достава, и да се обиде по втор пат да достави награда на валидна адреса (со валидна потврда за обид за достава).
  • - Доколку наградата не биде доставена при двата обида, учесникот е должен сам да си ја подигне директно од канцеларијата на Радио МК инфо, со претходна најава преку инфо линија.
  • - Сите награди се достапни за превземање до завршување на програмата.
  • - Доколку учесникот поради оправдани причини не е во можност да ја подигне наградата од канцеларијата на Радио МК инфо (поради патување или сл.) потребно е да го извести организаторот преку инфо линијата.
    Валидација на примена награда
  • - При подигање на пратката учесникот е должен да потпише документ дека ја примил наградата.
  • - Доколку учесникот по отварање на пратката, утврди дека пратката не ги содржи наведените ставки во документот, потребно е да не извести телефонски, на бројот 078286756 во рок од 48 часа. Рекламации после овој период нема да бидат валидни.
  • - Доколку документот е потпишан, и не е направена рекламација во предвидениот рок, наведените награди важат за доставени.

Наградната игра стартува од 01.07.2022 година во 09:00 часот и трае до 31.07.2022 година до 12:00 часот.

За успешна регистрација потребно е да ги внесете сите потребни информации како и согласност за заштита на лични податоци.


Со регистрацијата се пресметуваат и првите поени на вашата сметка, потоа во зависност од вашата активност поените се зголемуваат.

Среќно,
Радио МК Инфо

:: / ::
::
/ ::

Плејлиста

close