© РадиоМК.инфо ® SHOUTcast Software Digital користи колачиња, мали текстуални датотеки кои се запишуваат во пребарувачот на вашиот компјутер или мобилен уред при посета на веб страница, со кои се собираат податоци од посетителот со цел обезбедување оптимално и подобрено корисничкото искуствo и унапредени функционалности на интернет страницата. Некои колачиња се неопходни за правилно функционирање на веб страницата, други можете слободно да ги управувате и подесите во секое време. Дополнителни информации, вклучително и информации за обработка на податоци, може да ги најдатете во Права и услови.
Се согласувам

Потребна ви е помош или неможете да слушате радио преку нашиот портал или апликација?

Ако не добивате звук кога ќе кликнете на вашата одбрана радио станица преку нашиот портал или апликација, тоа може да има неколку различни причини.

За да ја утврдиме причината и да го решиме Вашиот проблем го поставивме овој линк за помош чекор-по-чекор.

Чекорите се по логичен редослед. Ако имате проблеми со слушањето (онлајн) радио, започнете со чекор 1. Ако сè уште не добивате звук по чекор 1, одете на чекор 2 и така натаму.

Чекор 1 - Проверете дали е отворена контролата на јачината на звукот во аудио плеерот на одбраната радио станица (Не е применливо за мобилни уреди).

Чекор 2 - Проверете дали јачината на звукот на вашиот: компјутер, лаптоп, паметен телефон или таблет е вклучена. Пребарајте во поставките за аудио преку пребарувачот со кој го провате да го слушате радиото.

Чекор 3 - Пробајте одберете друга радио станица. Ако другата радио станица има звук, веројатно станицата има привремен дефект со стриминг серверот и може да се обидете подоцна.

Сè уште немате звук и не го слушате радиото покрај горенаведените чекори?

Доколку сè уште немате звук и не го слушате радиото тогаш тоа би можело да бидат поставките на вашиот Firewall.

Кога сте на интернет преку вашиот компјутер стандардно обично е овозможен и активен заштитен ѕид (Firewall) за да се осигура дека вашиот компјутер не е изложен на ризик.
Во зависност од инсталираниот заштитен ѕид (Firewall), можеби сепак ќе треба да приспособите некои поставки за да се осигурате дека интернет радиото е дозволено.
Забраните најчесто произлегуваат од некој типови на рутери кој мораат и можат да се решат со ослободување на портовите кој нашиот портал, Windows апликацијата и Android и IOS апликации ги користат.

За да го направите ова, внесете ги поставките подолу за да го решите проблемот:

Неопходно е TCP портата 1755 да може да оди надвор.
Неопходно е UDP портата 1755 да може да оди надвор.
Неопходно е да може да влезе UDP портата 1024-50000.
Ако радио станицата сè уште не работи по поставувањето на овие порти, отстранете ги горенаведените поставки за UDP и оставете го само TCP портот.

После оваа постапка радио станиците треба веднаш да работат без проблем.

Откријте колку е лесно да слушате онлајн радио преку RadioMK.info.

Во ова секција за помош ќе добиете објаснување за аудио плеерот HTML5, системот за ознаки на радио станиците и слушање на сите ваши омилени радио станици преку интернет.

HTML5 аудио плеер од RadioMK.info

RadioMK.info работи со т.н. сопствен HTML5 AUDIO PLAYER. Во постарите верзии на HTML немаше стандарден елемент за репродукција на аудио стриминг серверите.

На пример, претходно ви требаше приклучок како што се: Adobe Flash Player или Windows Media Player за репродукција на аудио и радио стриминг преноси.

RadioMK.info HTML5 плеерот обезбедува стандарден елемент за репродукција на аудио датотеки и пренос на стриминг сервери.
За да слушате радио преку RadioMK.info, преку вашиот мобилен уред дали се работи за Android или пак IOS воопшто не мора да преземате никакви приклучоци.

При инсталација на RadioMK.info Windows верзијата на крајот од инсталацијата ќе ви излезе опција да ги ослободите потребните рутер портови кој ги бара самата Windows апликација за непречено фукционирање.

Зошто користиме RadioMK.info сопствен аудио плеер со HTML5 поддршка?

Користењето на HTML5 аудио плеер нуди многу предности и придонесува за радио портал со уште поголем избор на додатоци за користење.
RadioMK.info HTML5 плеерот користи дигитален звук, текст во движење и приказ на промотивен материјал и информации за радиото.
RadioMK.info HTML5 плеер воедно ја прикажува моменталната песна на радио лого или фотографија од бендот или изведувачот.
Поради тоа што многу од другите портали, користат обични плеери ние одлучивме да бидеме посебни, бидејќи повеќето од радио станиците вметнуваат лого а во позадина не е соодветното радио кое нема интернет стриминг сервер, и поради таа причина одлучивме да ставиме крај на крунисувањето и потрошеното време на страници/портали кој нудат разновидни канали.

За таа цел во самиот RadioMK.info HTML5 плеер воведовме неколку видови на плави ознаки кои прикажуваат

"Верификувано радио со ФМ фрекфенција"
"Дигитално интернет радио"
"Најслушано радио во изминатата година"
Плава ознака/беџ за сигурно радио итн.

RadioMK.info HTML5 плеерот воедно има и опција да изберете радио станица по случаен избор.

Со опцијата за слушање на радио станица по случаен избор, во некој случај може да добиете текст дека сте добитник и освоиле награда и упатсво тоа како би можеле истата да ја подигнете или искористите.

RadioMK.info HTML5 плеерот воедно е и заштитен плеер кој не го прикажува соодветниот сервер и главниот сервер од радио станиците што се пријавени да бидат на РадиоМК.инфо.

РадиоМК.инфо според Правилникот и правната напомена строго стои позади тоа да ја чува приватноста на сите радио станици: моментална статистика на слушатели, порт на радиото, квалитет на радиото и слично.

RadioMK.info ви нуди и прикажува соодветни радио станици од различни држави кои стекнале бодови и оценки од слушатлите.
RadioMK.info HTML5 плеерот има посебен генериран линк за секое радио.

Вашето радио со соодветен линк можете да го споделите дирекно преку опцијата за споделување на радиото преку социјланите мрежи.

Вашето радио да биде секогаш прикажувано на првата веб страна во секцијата топ радио станици, и во текот на годината да се здобие со плава ознака за најслушано радио и сл. треба да го имате споделно со вашите пријатели, да се здобие со слушаност/посетеност и оценето.

Штом ќе го достигне бројот на слушатели стекнати во текот на месецот, оценките алгоритамот кој во позадина го следи радиото ќе одлучи дали радиото ќе остане во одредената секција во топ радио станици или ќе биде тргнато во земјата од каде што е радиото.

Корисниците се должни редовно да ги читаат правилата и условите на користење, па затоа се смета дека корисниците со континуираното користење на РадиоМК.инфо во секое време се запознаени со актуелните правила и условите за користење и дека ги разбираат во целост.

Поради развојот на нашиот бизнис и променливата природа на радио индустријата, овие правила на користење на услугите може да бидат променети.

Промените ќе бидат објавени тука и продолжувањето со користењето на продуктите и услугите значи дека ги прифаќате промените кои сме ги направиле.

Дoколку имате било какви проблеми или прашања поврзани со RadioMK.info HTML5 плеер, апликации и слично ве молиме да не контактирате преку е-маил адресата support@radiomk.info

Последна промена
20.03.2020